Со германска инвестиција Велес повторно во работна кондиција

Bez autora
Feb 13 2012

Ако до пред дваесетина години Велес беше еден од најразвиените индустриски градови во Македонија, со затворањето на Порцеланка, Топилницата, Свиларата и уште дваесетина помали фирми, градот денес го изгуби приматот на индустриски град, а без работа останаа над 15.000 велешани. Најавата на премиерот на Никола Груевски, а деновиве истото го стори и градоначалникот Горан Петров за можна германска инвестиција, ја дигна на нозе општината. Инвеститорите од Германија веќе се запознати со трите локации што ги нуди градот. Станува збор за атрактивни места, во индустриската зона Речани, кај бензинската пумпа во близина на селото Караслари, веднаш до автопатот Велес-Градско и кај вливот на реката Бабуна во Вардар, на десетина километри јужно од Велес.

Со германска инвестиција Велес повторно во работна кондицијаАко до пред дваесетина години Велес беше еден од најразвиените индустриски градови во Македонија, со затворањето на Порцеланка, Топилницата, Свиларата и уште дваесетина помали фирми, градот денес го изгуби приматот на индустриски град, а без работа останаа над 15.000 велешани.

Најавата на премиерот на Никола Груевски, а деновиве истото го стори и градоначалникот Горан Петров за можна германска инвестиција, ја дигна на нозе општината. Инвеститорите од Германија веќе се запознати со трите локации што ги нуди градот. Станува збор за атрактивни места, во индустриската зона Речани, кај бензинската пумпа во близина на селото Караслари, веднаш до автопатот Велес-Градско и кај вливот на реката Бабуна во Вардар, на десетина километри јужно од Велес.

Се очекува во скоро време инвеститорот да одлучи каде ќе ги вложи своите пари - во Велес или во Кавадарци. Градоначалникот Петров се надева дека Велес ќе биде нивниот избор бидејќи како што вели, градот има предност поради неговата местоположба и добрата инфраструктура.

- Без разлика која локација германските инвеститори ќе ја одберат, ние како општина сме подготвени во најскоро време да ја завршиме комплетната инфраструктура потребна за изградба на еден таков објект. Тврдам дека најголема предност на Велес е неговата положба, со близината на автопатот, потоа, раскрсницата помеѓу коридорите север-исток-запад, електричната железничка пруга, реката Вардар. И сите оние работи по кои Велес како поранешен индустриски град бил препознатлив - рече Петров.

Дека општина Велес е подготвена за една ваква инвестиција говори фактот што овој град е преполн со квалификувани индустриски работници. Ако инвеститорот избере една од понудените локации, општината е подготвена да им пружи логистичка поддршка. Ќе ја комплетира инфраструктурата и со олеснувањата во давачките ќе создаде услови за вреден бизнис.

- Со стратегијата на Владата за привлекување на странски инвеститори, почетната цена на земјиштето и комуналиите што ги нудиме се минимални. Како илустрација ќе кажам дека ако инвеститорот сака да гради на 39 илјади квадратни метри, колку што најави, за давачки ќе треба да плати само 39 илјади евра, што во однос на една таква голема инвестиција од десетина милиони евра, е незначителна сума - рече Петров.

Ваквата инвестиција во Велес ќе значи можност за подобрување на сликата со невработените. Според инвеститорот во фабриката во која се најавува производство на автомобилски делови, во почетокот ќе бидат вработени околу 400 работници, со најава дека за неколку години во неа егзистенција да најдат околу 4.000 велешани. Толкавиот број на нововработени за Велес ќе значи навистина многу.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik